Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Смарт или е-туризмот, како и интегриран пристап за креирање на заедничка туристичка понуда е неопходен во денешни услови на технолошки развој за привлекување на туристи на глобално ниво.
Ова е еден од главните заклучоци на денешната работилница „Смарт и интегрирано планирање за развој на туризмот и заедничка туристичка понуда“, што се одржа во Крива Паланка, а на која присуствуваа претставници од јавниот и приватниот сектор од Лесковац и Центарот за развој на Пчињско- јабланичкиот регион, Србија и од Крива Паланка.
„Смарт туризмот подразбира конекција на угостителските објекти со туристичките атракции и превозниците, а понатаму нивна достапност на интернет и промоција на глобалните туристички платформи. За тоа е потребна интегрирана веб страница со податоци за туристичката понуда и можните туристички рути, кои ќе им бидат достапни на потенцијалните туристи. Проблемот е што ние имаме големи туристички потенцијали или туристички објекти, но тие не се промовирани, односно не се достапни информации за нив со придружните локалитети и можности, кои можат да бидат дел од еден динамичен туризам за да ги задржиме гостите на одредено подрачје“, истакна проф. д-р Ивица Милевски од Институтот за географија.
На работилницата беа презентирани и над 30 туристички локалитети во Лесковац и Крива Паланка, дел од нив познати, а дел се уште непознати и неоткриени за заинтересираните туристи.
„Врз основа на истражувањето за мапирање и анализа на туристичките потенцијали во овој пограничен регион ќе биде изработена студија за заеднички развој на повеќе видови туризам“, рече Јовица Дамјановиќ, консултант од Агенцијата за консалтинг „ПРВА“ од Ниш.
Оваа работилница е дел од активностите предвидени со проектот „Да ги поврземе бисерите, што го реализираат општините Лесковац и Крива Паланка во партнерство со Центарот за развој на Пчињско-јабланичкиот регион и со поддршка од ИПА 2 програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Србија.
Проектот предвидува и изградба на пешачка патека кон Станечки водопади и Калин Камен во општина Крива Паланка, како и уредување на кањонот Вучјанка во општина Лесковац. Ќе се реализираат и повеќе други активности со цел да се зголемат можностите за поквалитетна турис на анализата тичка понуда, искористенотс и капитализација на природното, културно и историско богатство во пограничниот регион.