Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пешачка патека во должина од околу еден километар ќе биде изградена кон познатиот туристички локалитет „Калин Камен“ на Осоговските Планини.
Изградбата на пешачката патека е дел од проектот „Создавање услови за рурален развој, развој на туризмот и развој на земјоделието во Североисточен плански регион“, кој се реализира преку Центарот за развој на Североисточниот регион, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.
„Инвестициските активности на проектот предвидуваат изградба на пешачка патека која води кон туристичкиот локалитет „Калин Камен“ во должина од 974,35
метри, како и реконструкција на тротоарите во Крива Паланка со должина од 2.025 метри. Вкупниот буџет за овие активности, кои ќе се реализираат во Крива Паланка е во висина од 13.617.392 денари, а дел од финасиските средствата се обезбедени преку Бирото за регионален развој за 2021 и 2022 година“, истакна градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митковски, при потпишувањето на договорот за реализација на проектот.
Активностите е предвидено да се реализираат до крајот на оваа година.