Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во кино салата на Центарот за култура Крива Паланка, утре во 19 часот концерт ќе одржи Пламенка Трајковска - гудачко трио.
На програмата се композиции во модерен класичен стил. На концертот покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Наташа Диденко на виолина и Љубица Бошкоска на виола.
Пламенка Трајковска својата музичка активност ја заснова на идејата дека класичната музика треба да е широко достапна до општата публика. Таа настапува на речиси сите сцени и фестивали во Северна Македонија како и на концерти во Србија, Грција, Хрватска, Франција и Танзанија. Последните години работи на полето на доближување на класичната музика до децата.
Автор и изведувач е на албумот Апасионато, на албумот Карневал на животните од Камиј Сен Санс во адаптација за виолина и пијано и на повеќе синглови.
Неодамна го реализираше проектот Ехо за кој изработи и сними композиции со автентични природни звуци од Кањонот Матка.
Концертот е поддржан од Министерството за култура и од Националната установа Центар за култура Крива Паланка.