×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот да се отповикува на референдум, предвидува новиот закон за локална самоуправа

    17.02.2025 19:50 | KumanovoNews

    Референдумско отповикување на градоначалникот, воведување на комунален надзор и поголемо учество на граѓанскиот сектор во рамки на носење на одлуки на локално ниво, се дел од измените кои се предвидуваат во новиот Закон за локална самоуправа.

    Градоначалникот да се отповикува на референдум, предвидува новиот закон за локална самоуправа

    Во моментов градоначалниците се единствените функционери во државата кои не можат да бидат отповикани.

    Новото законско решение треба да биде изготвено до крајот на летото, и практично да биде применливо за избраните грaдоначалници на претстојните локални избори.

    „Подготвени сме да преминеме во следната фаза, односно во креирање на предлог измените на Законот за локална самоуправа и веднаш потоа, истите да ги доставиме до парламентот на дополнителни консултации со сите парламентарни политички партии, за да влеземе во фазата на валидизација, односно на усвојување на предлог измените. Убеден сум дека преку еден ваков отворен, транспарентен и инклузивен начин ќе дојдеме до едно многу подобро законско решение од ова коешто сега го имаме“, изјави министерот  Златко  Перински.

    Проф. д-р Александар Спасеновски, кој е дел од експертската група вклучена во процесот на подготовка на законските измени, истакна дека важечкиот закон претставува важен системски закон, кој го положил тестот на времето.

    „Главните измени и дополнувања се во насока на корекција на определени одредби, коишто се дел од актуелното законско решение, а кај коишто со текот на времето се појавиле одредени аномалии. Истовремено, детектираме и предвидуваме одредени норми кои не се дел од сегашното законско решение, а се покажало дека се потребни. Меѓу нив, и можноста за отповик на градоначалник, а во однос на комуналната полиција, со измените практично ќе создадеме база за во иднина законски да се регулира оваа материја“, посочи Спасеновски.

    На денешната дебата во Скопје присуствуваа градоначалниците од Скопскиот и Североисточен регион, претставници од општинските совети, како и од невладиниот сектор и дел од експертската група вклучена во процесот на измените на законот за локална самоуправа.