Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите од Герман, Пклиште и Станча во Општина Ранковце останаа завеани, по најновите снежни врнежи.
На регионалниот пат Ранковце - Герман, во должина од околу 20 км, има снежни навеви и до 2 метри, кои го отежнуваат расчистувањето. Екипите на „Македонија пат“ се обидуваат да го пробијат патот, но поради непрестаните врнежи и засилен ветер, засега безуспешно.
На територијата на Кривопаланечко, пак, регионалните и локални патишта се проодни, во зимски услови, со отежнат сообраќај на одредени делници.
Непрооден е само патниот правец кон селото Дренак, кое редовно останува завеано, а поради недоизградената патна инфраструктура, со тесен коловоз и планиско подрачје, нема услови да се интервенира со механизација.
Магистралниот пат кон граничниот премин Деве Баир е расчистен и засега сообраќајот се одвива непречено.
(Ж.Ц.)