Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градскиот парк во Крива Паланка е збогатен со нова урбана опрема.
Поставени се 20 нови клупи и 10 корпи за отпадоци, што значително го подобрува капацитетот за одмор, релаксација и одржување на високото ниво на хигиена во паркот. Овие подобрувања се дел од проектот за уредување на детското катче, кое опфаќа површина од 180м².
Проектот има вредност од 2.1 милиони денари обезбедени од Буџетот на Општина Крива Паланка преку Развојната програма на Општина Крива Паланка за 2024 година. Се очекува дека новата опрема ќе придонесе за поголемо задоволство на посетителите и ќе го зголеми квалитетот на јавниот простор.
Никола Митовски