Мени

Парична помош за средношколци, лица со попреченост, згрижувачки семејства, за училишни униформи, изгласа Советот на Крива Паланка

11.07.2024 13:49 | KumanovoNews

На денешната седница на Советот на Општина Крива Паланка усвоени се нови мерки од програмите за образование и социјална и детска заштита. 

Парична помош за средношколци, лица со попреченост, згрижувачки семејства, за училишни униформи, изгласа Советот на Крива Паланка

Една од мерките е месечна субвенција од 2.000 денари за секој запишан ученик во прва година во СОУ "Ѓорче Петров" во учебната 2024/25 година. Дополнително, во партнерство со Црвениот Крст, ќе се обезбеди еднократна финансиска поддршка - ваучер од 8.000 денари за купување гардероба за корисници од Дневниот центар и лица од згрижувачки семејства. 

Општината ќе обезбеди униформи за секој ученик од средното и основните училишта во општината. Исто така, во соработка со Фондацијата "Со срце за Крива Паланка," ќе се додели еднократна парична помош од 3.000 денари за лица со попреченост.  

Никола Митовски