Поддршка на локални таленти од EU House Крива Паланка
14.01.2022 10:53
| Жаклина Цветковска
Во EU House Крива Паланка беше одржан концерт на акустична гитара на кој настапија младите локални таленти Филип Додевски и Вера Петкова од Крива Паланка.

На нивниот репертоар беше изведба на разни жанрови на европска модерна музика во која уживаше младата кривопаланечка публика.
„Europe House Крива Паланка активно е ангажирана на промоција на млади локални таленти во различни области од Крива Паланка и регионот. И оваа година продолжуваме со нивна поддршка, со цел да го поттикнеме креативниот потенцијал кај младите и да се создаде јадро на млади кадри кои ќе даваат придонес во локалната заедница“, велат од оваа организација.