Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основниот суд од Куманово му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на осомничено лице, кое неовластено пренесувало вкушно 13, 2 кг дрога преку граничниот пренин Деве Баир, на македонско-бугарската граница.
Мерката е изречена на предлог на надлежен јавен обвинител поради опасност од бегство, можност да влијае врз постапката или да го повтори делото.
Осомничениот, на 7 март, при излез од државава, на граничниот премин Деве Баир, неовластено пренесувал наркотична дрога хашиш со вкупна нето маса од околу 8,3 килограми и марихуана со вкупна нето маса од околу 4,9 килограми.
Дрогата претходно ја набавил од лице во Република Албанија и ја сокрил во специјално изработен бункер под возачкото и совозачкото седиште, во сопствениот автомобил, марка БМВ ,со албански регистерски ознаки. Потоа, се обидел дрогата да ја пренесе во Република Бугарија, но бил откриен од царинските службеници на граничниот премин Деве Баир.
Осомничениот се товари за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.