Приведен Турчин за фалсификувана зелена карта
08.05.2021 10:43
| KumanovoNews
Вчера, во 08.45 часот, на граничниот премин „Деве Баир“, на влез во државата, при извршена контрола на У.М.Н.(28) од Турција, кој управувал товарно возило „даф“ и полуприколка со турски национални ознаки, било констатирано дека за полуприколката поседувал фалсификувана зелена карта.

Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.