Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба во Општина Крива Паланка, поради штетите нанесени од силното невреме и ќе даде поддршка за справување со последиците од поплавите.
Кризна состојба е прогласена и во Општина Делчево.
„Владата на денешната седница прогласи постоење на кризна состојба на подрачјето на општините Крива Паланка и Делчево, заради поплави и справување со поплавите и последиците од нив“, стои во владиното соопштение.
Целта е, јавните државни претпријатија, пред сѐ Јавното препријатие за државни патишта на РСМ и Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта да се вклучат со помош на општините во мерките и активностите за санација на последиците од поплавите.
Во Општина Крива Паланка како последица од невремето настанаа неколку поголеми свлечишта и оштетување на патната инфраструктура, чија санација бара долгорочни решенија за кои е потребна државна помош.
Општинските служби доставија информации до Владата, а по прогласувањето на кризна состојба се очекува и потребната помош.