×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Слупчане и Оризаре се` уште без струја, во соседните осум села и на граничниот премин Табановце ноќеска отстранети дефектите

    27.07.2023 11:48 | Сузана Николиќ

    Осум села во липковскиот регион и граничниот премин Табановце, вчера попладне и во текот на ноќта останале без електрична нергија, откако жителите на липковското село Слупчане предизвикале дефект на трафостаницата во нивното село. 

    Слупчане и Оризаре се` уште без струја, во соседните осум села и на граничниот премин Табановце ноќеска отстранети дефектите

    Екипите на Електродистрибуција работеле цела ноќ на санација на дефекти, по што е нормализирано снабдувањето со електрична енергија на селата: Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.

    „Во текот на ноќта беше предизвикан нов дефект, исто така од мештаните на Слупчане, кој ги остави селата Матејче, Виштица и Никуштак. Овој дефект е саниран и снабдувањето е нормализирано и во овие села. Дефектот на граничниот премин ‘Табановце’ беше саниран вчера за кратко време. Селото Слупчане и Оризари се сè уште без напојување“, велат од ЕВН.

    Нивните екипи сè уште не се влезени во селото Слупчане, поради тоа што не се чувствуваат безбедно.

    „Сè додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на Електродистрибуција, нема да работиме на санација на дефекти или извршуваме редовни работни активности во овие села“, додаваат од ЕВН.

    Жителите на Слупчане го блокираа влезот на селото по што доставија повеќе барања од ЕВН, како, на пример, простување на долговите, нови приклучоци за беспари, потоа сметките да не можат да бидат повисоки од 3.000 денари без разлика на потрошената струја, ослободување на џамиите од плаќање, барања за кои од ЕВН велат дека не се законски.

    Ова е вторпат за еден месец да не се дозволи екипи на ЕВН да влезат во селото, да работат на реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа, по што предизвикаа повеќе дефекти.

    Тогаш, гаранција дадоа министерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково Еркан Арифи, па селаните ја пуштија ЕВН да работи.

    Процентот на наплата на потрошената електрична енергија во Слупчане е многу мал, а и масовно се краде струја. Годишно, 80 отсто од потрошената струја се краде, а само третина од 20 отсто од фактурираната електрична енергија се наплаќа.