Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Актуелната градоначалничка на Старо Нагоричане и кандидатка за втор мандат Жаклина Јовановска од СДСМ, за 9 гласа ја изгуби победата во првиот круг на локалните избори.
Според податоците на ДИК, Јовановска освои 49,56 отсто или 949 гласови, зад неа е кандидатот на ТМРО Власте Димковиќ со 510 гласови или 26,63 отсто поддршка од гласачите, а последен е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Велибор Денковски.
Во вториот круг на изборите ќе влезат Јовановска и Димковиќ.
Во однос на Советот СДСМ освои 39,43% или 755 гласа, ТМРО 20% или 383 гласа, ВМРО-ДПМНЕ 15.56% или 298 гласа, ГИ Бојан Трајковски 8,62% или 165 гласа, ЕМ 4,54% или 87 гласа, Левица со 3,45 или 66 гласа и Интегра со 2,82% со 54 гласа.