×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • И жените можат да бидат успешни такси возачи

    11.01.2016 15:37 | KumanovoNews

    Дека и жените можат да бидат добри такси возачи, ни потврдува Славица Ивановска од Куманово. 

    И жените можат да бидат успешни такси возачи

    Таа по професија е машински техничар и скоро 20 години работи како такси возач. Ги охрабрува и другите жени, доколку имаат возачка дозвола и не се плашат,  а се без работа да се обратат во локалните такси компании. Вели дека и ден денес на луѓето им е малку необично кога ќе видат жена таксист, бидејќи се смета дека тоа е машка професија. 

    На почеток кога почнав бев прва и бев доста интересна да кажам. Дури ми пречеше кога луѓето се загледуваа во мене, ме прашуваа како е, што е да се биде таксист. Дали ми е страв или не, дали имам некои проблеми или не. Тие прашања беа секојдневие. Јас сум жена која во суштина не бира работа, едноставно ми е важно да бидам вработена, да придонесам за мојата фамилија. По професија никогаш во живот не сум работела. Работам како таксист, па ќе се обидам да најдам работа на друго место, па ако останам без работа повторно се враќам во такси. Важно ми е да имам егзистенција, да имам заработувачка некоја - вели Ивановска. 

    Таа вели дека секоја работа си има своја тежина и не треба да има поделба на машки и женски професии. Додава  дека во странство е голем бројот на жени кои се занимаваат со оваа професија, а се среќаваат и жени кои возат камиони, шлепери. 

    Многу жени додека се возат прашуваат, меѓутоа многу малку се пријавуваат во такси компании. Ние сè уште сме балканци и така размислуваме дека ете жената би требала да работи некоја женска работа, а ова е машка работа. Сега 80 отсто ме знаат дека возам такси. Чудно им е на некои луѓе кои не ме познаваат. Интересно е кога ќе влезе, ќе ја отвори вратата и ќе рече „Мајсторе слободно ли е ? Дечко слободно ли е ?“ Потоа се малку посрамени луѓето, но тоа не го сметам дека е злонамерно кажано, туку е по навика. Досега не сум имала проблеми некои и можам да кажам дека се случило неколку личности во тек на моето возење, се обиделе да не платат, да излажат, да избегаат, меѓутоа тоа било за мали износи од 50 или 100 денари и не било важно. Секој човек си има свој карактер и не можеш да му навлезеш во паметот и во карактерот - додава Ивановска. 

    Ивановска е работно ангажирана во такси компанијата „Принц“ и се надева дека во иднина и во Куманово, но и во Македонија ќе има повеќе жени такси возачи. Во Куманово засега има три жени таксисти.