×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ива Димитриевска најдобра млада пингпонгарка во Македонија

    07.03.2016 22:47 | KumanovoNews

    Ива Димитриевска, ученичка во 9 одделение во основното училиште „Толи Зордумис“ е првак во пинг-понг во категорија пионери на ниво на Македонија за 2015 година.

    Ива Димитриевска најдобра млада пингпонгарка во Македонија

    Оваа титула ја доби поради извонредните резултати,  поради  што Пингпонгарската федерација на Македонија ја прогласи за надобра,Таа се надева дека ќе успее титулата да ја задржи и во 2016 година. Ива пет и пол години се занимава со пинг-понг, член е на пинг-понг клубот „Куманово“ и досега има над 40 медали, за први, втори и трети места во земјава и странство.

    „Татко ми сакаше да ме запише во некој клуб. Прво сакаше да ме запише на кошарка, но некој пријател му кажал дека постои пинг-понг клуб во Куманово. Треба да си фокусиран на спортот. Треба редовно да се оди на тренинзи. Јас тренирам 4 дена неделно по 2 часа. Повеќето медали ми се од Македонија, но имам и медали освоени во Ниш, Алексинац, Врање. Ќе продолжам да се занимавам со пинг-понг и да ја одбранам титулата што ја освоив оваа година. Важно е кога се игра да не ги гледаш луѓето од страна што ти зборуваат, туку да бидеш концентриран на играта“-вели таа.

    Ива ги сака сите спортови, но најмногу пинг-понгот. На младите им порачува повеќе време да посветат на спортот.

    „Им препорачувам на сите млади, да не седат дома, да не седат пред своите компјутери, туку да се занимаваат со некој спорт. Ако сакаат нека дојдат во пинг-понг клубот „Куманово“. Јас оваа година сум прва и мислам дека така ќе продолжам без ниту еден изгубен сет. Минатата година на државното првенство финалето беше малку тешко, другото не. Сите ми честитаат што сум освоила прво место“- вели Ива Димитриевска.

    Сите ги поздравуваат нејзините спортски успеси и се горди што Куманово има еден ваков млад талент. Ива е активна и во основното училиште каде учи и редовно учествува на спортски натпревари во повеќе дисциплини.