×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Средношколец од рециклиран материјал создава ремек дела

    15.12.2015 14:16 | KumanovoNews

    Од стара хартија, весници, метал, лесно обработливо дрво и текстил, изработува украси, накит, кутии за накит и други подароци, кои го красат неговиот дом или ги подарува на блиските и пријателите. Драгослав е самоук и со ова интересно хоби се занимава околу пет години.

    Средношколец од рециклиран материјал создава ремек дела

    Младиот Драгослав Бошковски, ученик во четврта година во Гимназијата “Гоце Делчев“ од рециклирани материјали создава ремек дела.

    Идејата и почетоците во ова хоби ги започнав на часовите по техничко образование. Интересот за ова хоби се продлабочи после учеството и мојот постигнат добар пласман во изработка на макети по техника, каде освоив едно второ и две трети места на државно ниво. Добив и награда за избор на рачно изработени покани во Србија. Изработените предмети ги користам, но најчесто ги подарувам на мои блиски пријатели. За продажба? Можеби во иднина, сè уште немам размислувано за таа можност. Моите пријатели секогаш се запрепастени со подароците кои ги добиваат и секогаш имаат позитивни реакции - рече Драгослав.

    Со ова хоби Драгослав си го исполнува слободното време, ја вложува својата енергија, знаење, кретивност за да од ништо направи нешто.

    Секако дека ме исполнува, опушта, релаксира. Изработените дела ми даваат потик за понатамошно усовршување и напредување. Секако дека е потребен талент, но и доста голема концентрација, стрпливост, но пред се идеја и љубов кон оваа работа. Потребно ми е  картон, весници,течно лепило и најважното, идеја и фантазија преточена во одреден предмет“ - раскажува Бошковски.

    Дел од изработките беа изложени во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ заедно со ракотворбите на други млади кумановци, кои учествуваа во проектот “ Коцка“.