×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВО КУМАНОВСКО СЕ ПЛАНИРА ОТВОРАЊЕ РУДНИК 10 ПАТИ ПОГОЛЕМ ОД КАЗАНДОЛ, ГРАЃАНИТЕ ЌЕ БАРААТ РЕФЕРЕНДУМ

    15.05.2017 08:23 | KumanovoNews

    Aнглиско-украинската компанија „Сардич МЦ“ од Скопје добила концесија за геолошки истражувања на бакар и злато на локалитетот „Петрошница“ во општина Старо Нагоричане.

    ВО КУМАНОВСКО СЕ ПЛАНИРА ОТВОРАЊЕ РУДНИК 10 ПАТИ ПОГОЛЕМ ОД КАЗАНДОЛ, ГРАЃАНИТЕ ЌЕ БАРААТ РЕФЕРЕНДУМ

    Кумановци се плашат дека наскоро ќе соочат со големи последици од загадување на животната средина со тешка индустрија ако во близина на градот се отвори рудник 10 пати поголем од Казандол во Валандово. Откако дознале дека англиско-украинската компанија „Сардич МЦ“ од Скопје добила концесија за геолошки истражувања на бакар и злато на локалитетот „Петрошница“ во општина Старо Нагоричане, најавуваат дека ќе ги искористат сите законски и правни маханизми да го сопрат отварањето на рудникот.

    „Сардич МЦ“ го гради рудникот Казандол близу Валандово, а има и уште две концесии за геолошки истражувања на локации во југоистокот.

    „Ги собираме сите потребни документи за да отидеме во општина Старо Нагоричене и пред градоначалникот и советниците да направиме презентација во која ќе покажеме кои се последиците од отворање на рудникот. Ќе побараме да се распише референдум, а ако не сакаат да распишат, ќе собираме потписи за да покренеме граѓанска иницијатива“, најавуваат активисти од неформалната граѓанска иницијатива „Куманово бара чист воздух“.

    Од Министерството за економија потврдуваат дека Владата на Република Македонија има доделено концесија за детални геолошки истражувања на минерални суровини-молибден, бакар, злато и сребро на фирмата „Сардич МЦ“ бр.24-1628/1 од 04.03.2014 година, и дека испитувањата се уште траат.

    „Согласно законот за минерални суровини и Договорот за концесија, концесионерот ја има доставено потребна документација за вршење на деталните геолошки истражувања. Во тек се истражните работи. Истражувањата се уште не се завршени, заради тоа не може да се поднесе барање за концесија за експлотација. Во фазата на геолошки истражувања нема опасност од загадување на животната средина“, одговорија од Министерството.

    Во август минатата година при поставување на камен темелникот на рударскиот комплекс Казандол во Гевгелија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, рудникот Петрошница во Старо Нагоричане го најави како мега инвестиција вредна 300 милиони евра.

    „За две години од сега во Старо Нагоричани ќе почне со работа 10 пати поголем рудник, значи овде инвестицијата е 35 милиони евра таму ќе биде 300 милиони евра и освен бакар ќе има и злато. Најверојатно и бројот на вработени ќе биде многукратно поголем околу 1.000 или ќе видиме колку“, изјави тогаш Груевски.

    Според непотврдени информации истражувањата покажале дека на локалитетот Петрошница има голем руден потенцијал од бакар, злато, сребро и молибден. Проценката на можни ресурси е 10 пати поголема од Казандол, а истражувањето трае 4 години и ќе заврши во 2018 година. Доколку идејата се реализира, тука ќе требало да никне цело гратче со 250 до 300 работници и дополнителни индиректни вработувања.

    Концесија Петрошница се наоѓа во североисточниот дел на Македонија. Центарот на концесија се наоѓа 50 км североисточно од Скопје, 23 км од Куманово, во атарот на селата Бајловце и Цвиланце и 10 км од границата со Србија.