×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ФИДЕЛ КАСТРО: ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ ДРУГИТЕ ГОСПОДИНЕ Б.

    27.11.2016 11:19 | KumanovoNews

    Во чест на големиот државник и политичар, ФИДЕЛ КАСТРО, последен од големите лидери на 20 век, кој завчера почина во 90 година од животот (Во прилог на вечниот антагонизм помеѓу левите и десните, социјализмот и капитализмот... )Текстот е објавен во списанието “КОРЕНИ” бр. 28 од 2008 година.

    ФИДЕЛ КАСТРО: ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ ДРУГИТЕ ГОСПОДИНЕ Б.

    Всушност прилогот е говор на Фидел Кастро одржан на главниот плоштад Цалихто Гарсиа Олгин на 1 јуну 2002 година, на отворената трибина за Револуцијата, во знак на протест против блокадите, заканите и клеветите од претседателот Буш. Говорот на некој начин е пресек на еволутивниот од на кубанската револуција и развојниот пат на нејзиниот лидер - Фидел Кастро

    На 19 февруари, годинава Фидел Кастро се повлече од раководната партиска и државна функција во својата Куба. Цели 49 години ја водеше Куба и ги издржа сите притисоци, сцили и харибди кои го заплискуваа од западниот свет, посебно од соседните САД. Со оглед на фактот дека се работи за еден од последните “долговечни” политичари кои го одбележуваат времето , посебно за владар кој остана докрај доследен на социјализмот како идеологија, се одлучивме во овој број да го претставиме овој неповторилив лидер , развојниот пат на нејзиниот лидер -Фидел Кастро. Текстот го преземаме од списанието Маргина бр.60 од Скопје, а преводот од оригиналот е на П. Вулкански. *** Драги сонародници од Олгин,Гранма, Лас Тунас и од цела Куба. На дваесетти мај , денот на еден понижувачки спектакл за аудиторориумот во Мајами, беше иронично да се слуша господинот Буш како енергично зборува за независноста и слободата- но не за Порторико, туку за Куба- како и за демократијата- но не за Флорида, туку за Куба. Господинот Њ. посебно се осврна врз одбраната на приватната своина како таа да не постои во Куба. Сфатив дека годините минуваат. Колку далеку се оние времиња кога еден човек со топол глас и со убедливи зборови, во инвалидска количка , зборуваше од местото претседател на САД и влеваше почит: тоа беше Франклин Делано Рузвелт. Не се однесуваше фалбаџиски или намќор; ниту САД во тоа време беше хегемониска супер сила, како што е денес. Етиопија беше окупирана. Во Шпанија изби крвава граѓанска војна, Кина беше нападната, додека нацио-фашистичката опасност му се закануваше на светот. Рузвелт, по мое мислење вистински државник, се бореше сопствената земја да ја извлече од опасниот изолиционизам. Во тоа време бев ученик во шесто или седмо одделение. Имав 12 или 13 години. Роден сум во село без електрична струја, до каде можеше да дојде само коњ, со калливи патишта.Во текот на годината месеците ги минував во еден ригиден сегрегационистички интернат во Сантиаго де Куба-(читај полов апартхејд), момчиња бескрајно оддалечени од девојчињата, во одвоени училишта кои ги делеше цела светлосна година- а потоа, заминував на кратки летни распусти: најдолгиот го минував во Биран. Ние, кои бевме привилегирани, имавме чевли и имавме што да облечеме и изедеме. Бевме опкружени со голема сиромаштија. Не знам колку е голем имотот на господинот Њ., но се сеќавам дека татко ми имаше повеќе од десет иљади хектари земја, што речиси не претставуваше ништо. Другите огромни пространства кои изнесуваа 110 409 до 115 075 хектари, сопственост на Њест Сугар Цомпанѕ И Унитед Фруит Цомпанѕ- се наоѓаат околу нашиот семеен имот. Кога претседателот на САД ќе го најаваше својот говор, тоа беше исто како да го најавуваа самиот Господ Бог. Логично, бидејќи се што доаѓаше оттаму беше убаво, добро, корисно: почнувајќи од жилетот за бричење до локомотивата, од разгледницата на Статуата на слободата па до кау-бојските филмови кои толку ги одушевуваат децата и возрасните. Освен тоа, "тоа е местото од каде што ни дојдоа неза-висноста и слободата". Така им зборуваа на десетица иљади земјоделски работници и на селаните без земја, на оние те-ритории каде што тие во еден ден од годината добиваа работа да ја плеват и сечат шеќерната трска. Боси, лошо облечени и прегладнети, живееја под терор на селската жандармерија, основана од надзорниците, а која беше опремена со Спрингфиелд пушки, со долги и тесни мачети, сомбреро-шешири и се тексашки коњи, кои со својата импозантна појава ширеа страв кај нашите неухранети работници, за немилосрдно да се сузбие и најмалото навестување за некаков штрајк или протест. На тие огромни пространства од полиња, со бараки, колиби од палмини лисја, во осироамашените села и фа-бриките за шеќер, повремено ќе се најдеше некоја бедна училница со 200 до 300 деца, без книги, со оскуден школски материјал, а понекогаш и без учител. Само во кругот на големите фабрики имаше по еден или двајца лекари кои ги лекуваа главно семејствата на административците и повисоките службеници на странските компании за производство на шеќер. Од друга страна, се намнажија некои чудно стручни лица, со не повеќе од три или четири класа основно училиште- вистински мудреци меѓу неписмената толпа, често пријатели или повремени посетители на селските семејства- кои беа задолжени за изборите. Тие ќе ги извадеа гласачките ливчиња и ќе ги обврзеа гласачите. Тоа беа политички наредници. Селанецот не го продаваше својот глас, туку му помагаше на "својот пријател". Оној кој ќе имаше повеќе пари и кој ангажираше повеќе политички наредници, сигурно ќе станеше, освен исклучоците, победнички кандидат за законодавните позиции во државата или за други функции, било општински било провинциски. Кога на некои од тие избори би се одлучувало за смена на претседатолот- а никогаш и на политичкиот и општетствениот систем, што беше незамисливо- и кога ќе дојдеше до судир на интереси, тогаш селската жандармерија одлучуваше за раководството. Најголемиот дел од населението беше неписмен- или полуписмен: зависише од бедното работно место кое го даваше газдата или некој политички функционер. За граѓаните немаше никаква друга опција, со оглед на тоа што не поседуваа ни основно неопходно знаење за да можат да одлучуваат за се посложените општествени и светски теми. За историјата на нашата татковина се знаеше единствено од легенди- усмено пренесувани од татковците и дедовците- за некогашните херојски борби од колонијалното време: таквата работа се покажа како среќна околност. Меѓутоа, како народот можеше да разбере што всушност претставуваа традиционалните политички партии, управувани од олигархиите во служба на империјата? Кој тоа можеше да им го објасни? Како тоа би им се пренело? Брилијантниот и херојскиот напор на интелектуалците левичари, кои постигнаа восхитувачки успех под тие услови, се судираше со непробојните ѕидови на новиот империјален систем и на повеќевековното искуство на владеачките класи со држањето на народот во сосотојба на потчинетост, експлоатација, збунетост и поделеност. Единственото право на сопственост, кое го познаваше речиси целокупното население на Куба до 1959 година, беше право на големите странски компании и на нивните сојузници, националните олигархии, на огромните земјишни поседи, природните богатства на земјата и на поседување на големите фабрики, на јавните служби од животно значење, банките, складиштата, пристаништата, приватните болници и школи кои ги даваа своите квалитетни услуги на безначајното малцинство на привилигирано население. Судбината ми ја додели честа да се родам токму тука, на сегашната територија на оваа провинција, и иако тоа место е оддалечено од плоштадов 54 километри, спомените се многу поблиски, на само 10 милиметри или на 10 секунди во моето сеќавање. На тие огромни имоти на шеќерна трска можев да видам само десетици иљади селани без земја или поседници на парцели без тапија, на кои јавачите на тексашките коњи постојано им се закануваа или ги протеруваа, а тие, во најдобар случај, мораа да плаќаат високи ренти. Во градовите гледав многу малку сопственици на станови меѓу оние кои живееја во нив, а станарите плаќаа мошне високи кирии. Немав видено болници и школи за обичниот народ и за неговите деца, немав видено многу лекари и наставници, само беда, неправда и очај. На кубанскиот народ му беше запленет и одземен целиот имот. Беше потребно враќање на макиата. Требаше да се скинат прангите. Требаше да се изведе длабока револуција. Требаше да бидеме подготвнени да победиме или умреме. Тоа и го направивме. Социјалистичката револуција создаде повеќе сопственици отколку што капитализмот ги создаде на Куба во текот на вековите. Денес стотици иљади селски имоти имаат сопственост над својата земја, а за тоа да не плаќаат дури ни данок. Другите стотици иљади имаат право бесплатно да уживаат во плодовите на земјата, и да ја обработуваат индивидуално или колективно, сопственици се на машини, работилници, стока и на други добра. Но најважно е следното: Револуцијата, кубанскиот народ го претвори во сопственик на сопствената земја. Она што таа го искорени, беше сопственост на основните средства за производство, над финаиските установи и другите служби што имаат животно значење, кои до тогаш беа во рацете на пљачкашите и експлоататорите на народот, на оние кои се богатеа врз потта на работниците, или кои исклучиво ги користеле приви лигираните и богатите, додека сиромашните и црнците немаа право на нив. Носталгијата по сопственоста која ја чувствуава шефот на империјалната влада, можеби би била надвладеана кога тој би видел дека сега, покрај селаните, милиони семејства во градовите станале сопственици на становите во кои живеат и за кои не плаќаат дури ни данок. Од историската потреба да ја надмине наследената неразвиеност, Куба соработува со странските компании во оние области на производството во кои што не би можела да учествува со сопствена технологија и со парични средства, но ниту една меѓународна финансиска институција, ниту стран-ски приватен капитал не ја одредува нашата судбина. Покрај тоа ниеден цент не завршува во џебовите на Кастро и на неговите приврзеници. Ни еден повисок кубан-ски револуционерен раководител нема ни долар во банка, ниту приватна девизна сметка на територијата на Куба или вон неа, или пак сметки на име на друг. Ниеден од нив не е подмитлив. Тоа мошне добро го знаат стотици странски фирми што работат на Куба. Ниеден од нив не е милионер, како што е господинот претседател на САД, чијашто месечна плата е речиси двојно поголема од годишните плати на сите членови на Државниот совет и на Министерскиот совет на Куба. Ниеден од нив не би можел да се најде на долгата листа на многубројните неолиберални пријатели на господинот Њ. во Латинска Америка, тие олимписки прваци во малверзации и грабежи. Малкумината од последниве не ги поткрадуваат јавните фондови и државните даноци, го грабаат вишокот на вредноста од сиромашните и изгладнететите, и секоја година убиваат над стотици иљади латиноамериканските деца чии животи би можеле да бидат спасени; тоа е системот по кој господинот Њ. копнее, за да го наметне на Куба како модел. Неговата навреда е незаслужена. Затоа, нека не се жали на нашите остри одговори.Престанувањето на експлоатацијата на човечките суштетства и борбата за вистинска еднаквост и правда, претставуваа и ќе претствавуваат цел на една револуција која никогаш нема да престане да биде тоа.

    Кубанската револуција оствари голем подвиг во целата земја, а уште поголем во драгата и херојската источна област која беше најсиромашна и најзаостаната. Од петте источни провинции, три кои на овој историски протестен собир испратија повеќе од 400.000 борбени и полетни граѓани- Олгин,Гранма и Лас Тунас- за кратко време постигнаа општествени и човечки резултати неспоредливи никаде во светот. Наведувам некои податоци за тоа што имале и што имаат, пред и по победата на Револуцијата.:Стапка на смртност на деца: порано повеќе од 100 на иљада живородени; денес, 5,9%- стапка многу пониска од САД;Очекувано траење на животот: порано , 57 години; денес, 76;Број на лекари: порано, 46; денес 4006;Болнички кревети:порано 1470; денес 12000;Учители: порано, 1682; денес 77479;Факултети: порано , ниеден;денес ,12;Стапка на неписмени:порано, 40,3%; денес, о,2%'Број на ученици со завршено шесто оддеелние: порано, 10% од само 34% деца на школска возраст кои посетувале државни училишта; денес школо постуваат 100% и завршуваат 99,9%'Телевизори за аудиовизуелно образование: порано,ниеден; денес, 13394;Опрема за компјутерско образование, почнувајќи од предшколска возраст па до шесто одделение: 5563 кои ги користат 237 510 деца;Повеќе од 27000 млади помеѓу 17 и 30 години кои не биле вработени, денес посетуваат предавања од среден и повисок степен во неодамна основаните школи за интегрално усовршување на младите, за што добиваат парична надокнада. Овие три провинции имаат 62 музеи, 68 домови на културата, 21 уметнички галерии и 72 библиотеки. Сите кубански деца, независно од приходот на своите родители и од бојата на кожата, имаат обезбедено високо-квалитетна и се подобра здравствена заштита, од раѓањето па до крајот на животот, како и образование, од предшколското па до докторски студии, без притоа да плаќаат ниту еден цент. Ниедна земја во Латинска Америка не е ни близу до Куба по прашањето на овие наведени показатели и можности. Во нашата татковина нема ниедно дете кое проси на улица или работи за да преживее, наместо да оди на училиште; ниту има дроги кои ги трујат и уништуваат адолесцентите и младите. Тоа не е тиранија, како што тврди господинот Њ. Тоа е Правда, вистинска еднаквост помеѓу човечките суштества, општо знаење и култура без која нема, не може да има, ниту ќе има вистинска независност, слобода и демократија никаде на човечката топка. На господинот Њ. треба да му биде срам кога ги наведува оштествата во кои владеат корупција, нееднаквост и неправда, општества разорени со неолибералниот модел, како пример за независност, слобода и демократија! За господинот Њ. единствената демократија е таму каде што со пари с# се решава, и каде што оние кои можат да платат вечера од 25.000 долари по човек- што преставува навреда за милијарди луѓе што живеат во сиромашниот, прегладенет и неразвиен свет- се тие кои се повикани да ги решаваат општествените и светските проблеми, и кои треба да одлучуваат за судбината на една голема земја каква што е САД, и за остатокот на планетата. Не бидете глупав, господине Њ. Почитувајте ја интелегенцијата на луѓето кои се способни да размислуваат. Прочитајте некои од оние стотици иљади писма, кои Ви ги испратиле нашите пионери. Не го навредувајте Марти ( Ј.Марти) Не го споменуавајте залудно неговото свето име. Престанете да се служите со такви пригодни фрази во Вашите говори. Почитувајте ги другите, а и самите себеси. Злосторничката банда што сакате да ја заострите, ги зголемува честа и славата на нашиот народ, кој ќе ги разбие Вашите планови. Ве уверувам во тоа. Сонародници: пред опасностите и заканите, нека живее, денес повеќе од било кога, Социјалистичката ре-волуиција!Татковината или смрт!Ќе победиме. Изворен наслов на говорот: Дисцурсо пронунциадо пор ел Пресиденте де ла Република де Цуба Фидел Цастро Руз, ен ла Трибина Абињерта де ла Револуцион ен ацто де протеста ѕ репудио цонтра ел блољуео, лас аменазас, лас цолумниас ѕ лас ментирас дел пресиденте Бусх, ен ла Плаза Маѕор Генереал Цалиџто Гарциа де Холгуин, ен 1 ро јунио дел 2002.