Алексеј Стојановски победник на Отвореното тениско првенство на Македонија за јуниори
19.08.2025 13:17
| KumanovoNews
Алексеј Стојановски, член на „ТК Тумба“ триумфираше на Отвореното тениско првенство на Македонија за јуниори до 16 години, кое се одржа во ТК „Поинтер“ – Скопје, од 16 до 18 август.
„Во финалето Алексеј со сигурна и доминантна игра го совлада Даријан Пановски од ТК „МТП“ – Скопје со убедлив резултат 6:2, 6:2, со што ја заслужи титулата шампион. Веднаш по овој голем успех, Алексеј настапи и на меѓународната сцена – на турнирот Tennis Europe U14 во Пеќ, Косово, каде што ја забележа својата прва победа со максимален резултат 6:0, 6:0. Со оваа победничка низа продолжуваме напред кон нови успеси и уште поголеми предизвици“, соопштуваат од клубот.

