Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Флоријон Рамадани од пливачкиот клуб "Атлета“ освои трето место, а Данило Драшковиќ е прогласен за најмлад и најдобар пливач на 20-тиот Меѓународен пливачки митинг "Немо Куп", кој викендов се одржа на базенот „Борис Трајковски“ во Скопје.
На натпреварот учествуваа над 150 натпреварувачи.
"Учество земаа седум натпреварувачи од Пливачки клуб „Атлета“, во дисциплина крал на 50м и делфин на 50м. Флоријон Рамадани освои трето место во дисциплина на 50м. Тој исто така пред една недела учествуваше на Меѓународен пливачки митинг "Скопје Опен" постигна солидни резултати во крал 100м и градно 50м“, истакна тренерот Филип Миленковски.
„Данило Драшковиќ има 6 години и е прогласен за најмлад и најдобар пливач, тој пливаше на 50м крал и 50 делфин. Пред него престои светла иднидна, има голем потенцијал во него кој допрва ќе постигнува врвни резултати“, истакна тренерот Никола Златановски.
Останатите членови Филип Ефремовски, Бесфорт Рамадани, Лара Јакимовиќ, Вања Јакимовиќ, Христина Ристевска постигнаа солидни резултати.
„Горди сме на нивните резултат и ќе продолжиме да работиме попосветено“, велат од клубот.