×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Четврта победа за кошаркарите, пораз за ракометарите и фудбалерите на Куманово

    16.12.2024 12:03 | KumanovoNews

    Значајна победа на гостински терен, четврта по ред, викендов извојува тимот на Младинскиот кошаркарски клуб Куманово (МКК Куманово), додека Машкиот ракометен клуб и фудбалерите на ГФК Куманово доживеаја пораз.

    Четврта победа за кошаркарите, пораз за ракометарите и фудбалерите на Куманово

    Младинскиот кошаркарски клуб Куманово победи на гостински терен против екипата на  Чаир, од Скопје со конечен резултат од 91:95. Локалните кошаркари сега имаат четири победи во низа, се наоѓаат на седмото место на табелата, откако претходно ги совладаа екипите на Работнички, Шкупи и Феникс 2010, сите од Скопје.

    Чаир беше во водство само на почетокот од мечот, но откако кумановци направија серија од 7:0, ја презедоа контролата во играта и беа во предност во текот на целиот меч. На неколку наврати се чинеше дека домашната екипа ќе собере сила за пресврт- на 30 секунди пред крајот резултатот беше 91:93. МКК Куманово стигна до конечните 95 поени со слободни фрлања на Волер, а чаирчани не успеаја да поентираат во последниот напад. Двоен учинок во екипата на МКК Куманово имаа Урош Луковиќ. Следниот натпревар ќе се игра на домашен терен, во салата на економското „Перо Наков“ во сабота, 21 декември. За противник ќе ја имаат екипата на Вардар од Скопје.

    Ракометарите на МРК Куманово претрпеа пораз на гостувањето во Струга, од истоимената екипа со краен резултат од 29:23. Ова е прва победа на стружани по три месеци, а на почетокот на мечот се чинеше дека ќе ја продолжат негативната низа. Кумановчани во првото полувреме диктираа темпо и имаа резултатска предност, но во вториот дел од натпреварот домашната екипа ја консолидираше играта и успеа да стигне до заслужена победа. Сепак разликата беше помала, на моменти кумановци се приближуваа, но не направија пресврт Стружани направија поголема разлика во последните 10 минути од мечот. Кај МРК Куманово најефикасен беше Давид Димевски со девет погодоци. МРК Куманово се уште се наоѓа на 9 место на табелата, со вкупно освоени 6 бода. Наредниот меч го играат дома, на 19 декември против екипата на РК Бисинов Фруит Ленд.

    Тимот на Градскиот фудбалски клуб Куманово доживеа неочекуван пораз на последниот натпревар во есенскиот дел од првенството. Играа на домашен терен, против екипата на ФК Њу старс, а натпреварот заврши со конечни 2:3. Поразот бил извесен и на крајот на првото полувреме кога гостите воделе со 2:0. Уште во првите десет минути од второто полувреме кумановци успеале да израмнат, но во 77 минута резултатот бил заклучен со погодок на гостинската екипа. ГФК Куманово настапил без неколку стандардни првотимци. Фудбалското првенство продолжува следната година, на почетокот на март. Моментално се наоѓаат на 6 место на табелата од вкупно 14 екипи во Трета лига Север.    

    Женскиот ракометен клуб Куманово од среда започнува со плеј оф натпреварите. Првите два натпревари неделава ги игра на гостински терен, во среда против Вардар, во сабота против екипата на Чаир, двете во Скопје. Потоа шампионатот ќе мирува до 15 февруари, кога ќе продолжи натпреварувањето. Во плеј оф фазата пласирани се 10 екипи, а се игра по системот секој против секого, по еднаш на гостински и домашен терен. Од оваа година првиот дел од првенството е поделено во 3 групи, по 5 екипи. ЖРК Куманово се натпреваруваше во групата Б, каде заврши како второпласирана, со вкупно освоени 13 поени.  Поради Европското првенство ракометното првенство за жени беше во прекин од почетокот на ноември.

    ( фото.архива)