×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ГФК “Куманово“ на гости против “Аеродром 2018“

    14.09.2024 10:15 | Оливера Пешевска

    Градскиот фудбалски клуб (ГФК) Куманов во недела  во 15.30 часот ќе го игра првиот првенствен натпревар од сезоната 2024/2025 на гости кај екипата на ФК „Аеродром 2018“, на стадионот на ФК „Локомотива“ од Скопје.

    ГФК “Куманово“ на гости против “Аеродром 2018“

    „Настапуваме со сосема нов состав, имаме неколку поискусни играчи и поголем број на играчи од младинската школа. Ако минатата сезона на секој натпревар игравме со голем притисок, оваа сезона ќе имаме помала напнатост, имаме поголемо искуство. Ветуваме дека на секој натпревар максимално ќе се бориме и ќе се трудиме да оствариме што поголем број на победи“, велат од ГФК Куманово.

    Во клубот остануваат капитенот Горан Трајковски, голманот Андреј Јовановски, Богдан Велиновски, Перица Стојановски, Никола Стевчевски, Матеј Стојковски, Кристијан Златковски, Дарко Тодоровски.

    Во тимот како засилување ова сезона ќе настапуваат Ергин Шерифи, Бехар Реџепи, Јетмир Љатифи, Кристијан Стаменковски, Боби Николовски и неколку играчи од младинската школа на клубот.

    Тренер на клубот е Тони Раденковиќ, кој од почеток е во стручниот штаб на екипата. Пред нив се по 13 натпревари во есенскиот и пролетниот дел од прваенството, вкупно 26.

    ГФК Куманово беше формиран кон крајот на 2022 година со спојување на три приватни клубови и тоа: ФК „Куманово 2012“, ФК „Еуроспорт“ и ФК „Студена Вода“. Во првата натпреварувачка сезона, минатата година во Трета лига- Север имаа максимален учинок, победија на сите натпревари и играа бараж натпревар за пласман во втората лига. Изгубија од тимот на „Победа“ од Прилеп и повторно се натпреваруваат во истата лига, како и лани.

    Амбицијата за сезоната која претстои е да промовираат што поголем број на млади играчи, да создадат стабилен скелет на клубот. Сонот за повисок ранг на натпреварување не го забораваат, но планот е постабилно и посмирено, чекор по чекор да го изодат патот до таму.