×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ГФК Куманово утре игра против „Беса“ во Слупчане

    30.04.2024 09:32 | Оливера Пешевска

    Градскиот фудбалски клуб Куманово, утре на 1 мај ќе гостува на екипата на „Беса“ во селото Слупчане, Липковско. 

    ГФК Куманово утре игра против „Беса“ во Слупчане

    Натпреварот е според првенствениот календар, но се игра во среда заради велигденските празници викендов.

    „Играме против „Беса“ од Слупчане, и по наши проценки доколку победиме имаме 90- процентна шанса да го освоиме првото место во лигата. Но, ќе биде тешко- играме на гости и по најавите ќе бидеме под голем притисок од нивните навивачи. Често на натпреварите доаѓа и група навивачи од „Шкендија“ Арачиново, нашиот директен конкурент за првото место и со закани и навреди се обидуваат да не испровоцираат. Ќе направиме се и се надеваме дека повторно ќе триумфираме“, истакна Тони Раденковиќ, потпретседател на клубот.

    До крајот на првентсвото ГФК Куманово ќе игра два меча на гости и два на домашен терен. Само со победа на сите од нив ќе го задржат првото место на табелата во Трета лига Север и ќе имаат можност да се борат за влез во повисок ранг на натпреварување.

    На последниот редовен натпревар ГФК Куманово извојува победа против ССК Нова со висока разлика од 6:0.