×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановецот Далибор Стаменковски е прв тренер од Македонија кој предавал на престижен кошаркарски камп во Марсеј

    05.08.2024 16:24 | Оливера Пешевска

    Далибор Стаменковски од Куманово е првиот тренер од Македонија кој учествувал на „Баз’н кошаркарски камп“ во Марсеј, Франција, камп кој е меѓу пет најдобро рангирани во светски рамки.

    Кумановецот Далибор Стаменковски е прв тренер од Македонија кој предавал на престижен кошаркарски камп во Марсеј

    Тој бил регрутиран како кондиционен тренер и предавач на младите кошаркари и кошаркарки, од 14 до 20 години кои биле пријавени на кампот. Организатори на овој интернационален спортски камп, кој се одржува 7 години по ред, се кошаркарските школи од Марсеј и Орландо, САД на кој учествувале 105 млади спортисти, кои тренирале со 15-тина тренери од Европа. Кампот траел од 7 до 27 јули годинава.

    „Бев изненаден кога го добив повикот, иако ги имам сите потребни дипломи и специјализации. Прв тренер сум од Македонија, од една ваква мала земја, мислам дека има многу позвучни имиња кои доаѓаат од светски реномирани клубови, но ми се насмевна среќата. Се стекнав со исклучително искуство кое верувам дека ќе ми отвори врата и за други вакви настани на меѓународната сцена“, објаснува Стаменковски.

    Покрај Далибор имало и 4 тренери од САД, три од Франција, имало и тренери од Србија, Италија. Учесници на кампот биле кошаркарки и кошаркари од Лихтенштајн, Шпанија, Франција, Италија, Чешка, Шведска, Украина итн.

    Негови задолженија биле утринските кондициони тренинзи на отворено каде работеле на постигнување на брзина, снага и издржливост. Поопладне држел предавања, одговарал и објаснувал на младите спортисти се она што е поврзано за постигнување и темпирање на форма пред важни натпревари. Попладневната сесија се одржувала во теретаната на кампот.

    Кампот се наоѓал во планински предел, на чист воздух а имал врвни услови за подготовка на младите спортисти.

    „Имаше прекрасни терени, убава природа и комплетно опремена теретана, услови за кои можеме само да сонуваме. Како небо и земја е разликата со она што ние го поседуваме. Ова беше исклучително искуство, би сакал повторно да имам можност за едно такво доживување“, истакна тренерот Далибор.

    Далибор Стаменковски дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а има завршено и специјализација за кондициони тренинзи во Хрватска. Зад себе има 8- годишно работно искуство. Работи како кондиционен тренер на Младинскиот кошаркарски клуб Куманово, но и како пливачки тренер во ПК Делфин Куманово.

    (Фото: приватна архива)