Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ ќе се одржи на 14 и 15 јуни, во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“ во Куманово. Ова е четврто издание на меморијалниот турнир, кој од година во година добива се поголема репутација.
Покрај домашните, македонски боксери, најавени се учесници од уште 13 држави- Италија, Романија, Молдавија, Полска, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Србија, Турција, Австрија и Словенија.
„Добиваме се поголем публицитет, не препознаваат по квалитет, па и се повеќе учесници се пријавуваат и земаат учество на овој турнир. На пример, медиумски покровител на настанот е Арена фајт каналот, кој ќе го пренесува во живо финалниот меч. Очекуваме дека и ова година се ќе биде во ред, а петгодишниот јубилеј следната година да го прославиме уште помасовно. Тоа секако зависи и од финансиската помош од општината, се надеваме дека ќе се зголемат средствата кои се издвојуваат за одржувањето на овој турнир, кој се покажа како репрезентативен за Куманово“, истакна Самет Салиевски, координатор на турнирот и селектор на боксерската репрезентација.
Организатор на турнирот е БК „Куманово-84“ со поддршка на Боксерската федерација на Македонија.
За Меѓунардониот турнир „Мирослав Петровиќ“ поддршка дадоа Општина Куманово, Агенцијата за млади и спорт, но свој придонес имаат и приватни спонзори.