Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младинскиот кошаркарски клуб Куманово за идната сезона обезбеди пласман во Првата лига на македонското кошаркарско првенство.
Во текот на сезоната бележат 25 победи, на исто толку натпревари, а круна беше двојната победа против скопската екипа Ангели, со што го заверија влезот во најелитниот ранг на натрпреварување.
„Задоволни, но не и изненадени сме од постигнатиот успех. На почетокот на сезоната целно создадовме победничка екипа, но за крајниот резултат од непроценливо значење беше соработката со тренерот Марин Докузовски. Особено чест и привилегија е да се работи со него, а безбројните научени совети и тактики не се забораваат“, истакна Мартин Атансаовски, помошник тренер.
До летната пауза на МКК Куманово му останува само уште еден натпревар, кој не се игра како редовно коло, туку само за прво место на табелата на Втората кошаркарска лига. Мечот би требало да се игра наредниот викенд, а ќе се натпреваруваат против тимовите на Шкупи или Маџари, зависно од тоа кој од двата тима ќе победи во полуфиналната „мајсторка“, откако во досегашниот тек одиграа 1:1.
Кошаркарите се надевааат дека наредниот викенд последниот натпревар ќе го играат пред домашна публика, дека првенството ќе го завршат со победа и дека на крајот со своите навивачи убаво ќе прослават.