×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МКК Куманово поразено од Кожув на Купот на Македонија

    14.02.2025 11:48 | KumanovoNews

    За МКК Куманово натпреварувањата во Купот на Македонија се заврши, по поразот на првиот натпревар од Кожув, Гевгелија,  со резултат 81-69.

    МКК Куманово поразено од Кожув на Купот на Македонија

    Победата на гевгеличани беше полесна од очекуваното, бидејќи ја имаа предноста да играат пред домашна публика, но и доволна мотивација за доминација во текот на целата игра.

    МКК Куманово само во првите две минути беше во предност, но од тој момент натаму се случи целосен пресврт. Играчите на Кожув направија серија од 14-0, а на полувреме заминаа со значителна предност и резултат 42:29. Стратегијата на гевгеличани за контрола над играта продолжи и во второто полувреме, за конечни 81:69. Од кумановскиот тим Радукиќ и Тадиќ покажаа најмногу, но тоа не беше доволно за победа.

    „МКК Куманово како екипа за прв пат учествува на ова куп натпреварување, ќе бидеме дел од елитата на македонската кошарка и ќе гледаме да придонесеме да ја подигнеме малку кошарката на повисоко ниво со самото наше присуство“, истакна тренерот Марин Докузовски на воведната прес конференција, пред почетокот на натпреварите.

    Поразот на кумановци доаѓа како изненадување за двете екипи, на последниот дуел во Куманово, во сабота на 8 февруари гевгеличани беа совладани со 30 поени разлика, 99:69.

    На останатите куп натпревари ТФТ изненадувачки загуби од тимот на Гостивар, со резултат 62:72, МЗТ го совлада вечниот градски ривал Работнички со голема разлика од 34 поени, и конечни 97: 63, а Пелистер го совлада Чаир со резултат 76:72.