×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Низа спортски манифестации во чест на Денот на градот

    11.11.2023 06:19 | Оливера Пешевска

    Богата спортска програма се организира по повод 11 Ноември - Денот на осолободувањето на Куманово. Во официјалната програма на Ноемвриски денови предвидени се турнири во футсал, фудбал, пинг понг, кошарка, велосипедска и атлетска, трка, брзопотезен шах, аикидо семинар, спортско риболоство. Спортските настани започнуваат денеска, а ќе траат за време на викенд.

    Низа спортски манифестации во чест на Денот на градот

    Денеска /сабота/  во 7 часот ќе започне традиционалниот Градски куп „11“ Ноември во спортски риболов на езерото Гогомонд. 

    Со почеток во 10 часот Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди Куманово ќе одржи спортска рекреативна средба на лицата со инвалидност во шах и електронско пикадо, во ресторанот Грација.

    Во Гимназијата Гоце Делчев во 10.30 часот ќе започне пинг понг натпревар. 

    Во 11 часот со Шаховскиот клуб Куманово 1, во холот на средното-економското училиште Перо Наков ќе се одржи Рапид турнир во шах. Во недела во 11 часот на истото место ќе се одржи шаховски блиц турнир.

    Фудбалските ветерани на Куманово на 11 ноември во спортската сала на ООУ Магдалена Антова со почеток во 12.00 часот ќе одржат турнир во мал фудбал на кој ќе земат учество уште три екипи на фудбалски ветерани од Македонија.

    Со почеток во 19.00 часот Аикидо клуб Агатсу ќе одржи меѓународен семинар - Тоширо. Семинарот ќе се одржи во просториите на аикидо клубот на ул.Иво Лола Рибар бр. 112.

    Вчера се одржа фудбалски турнир во млади категории,  кошаркарски турнир на МКК Куманово во младински категории, улична атлетска трка за основци, турнир во мал фудбал на терените во Соколана, како и турнир во женска одбојка.

    Сите овие настани се во организација на Општински сојуз на спортови Куманово со спортските клубови кои членуваат во сојузот. Покровители се  Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.