Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две златни, една сребрена и две бронзени медали, освоија за гимнастичарите на „Атлета“ во поединечна конкуренција на Државното првенство, кое се одржа викендов во Битола .
На првенството клубот учествуваше со 19 натпреварувачи, од кои 9 во машка и 10 во женска конкуренција. Натпреварите беа во „А“ програма во машка и женска категорија и во “Б“ програма во машка категорија.
Во машки "А" програма до 9 години, Калин Илијевски освои прво место во категорија помлади пионери, а во „Б“ програма постари пионери Милош Јовановиќ исто така се избори за прво место.
Георгиј Мартиновски освои второ место во категорија помлади пионери, Младен Петрушевски и Марко Величковски освоиа трето место во категорија помлади пионери.
„Oдлични резултати постигнаа нашите членовите на Државното првенство во Битола. Во силна конкуренција над 160 натпреварувачи од целата држава кумановските гимнастичари освоија две златни медали,еден сребрен медал и две бронзени медали медали во поединечна конкуренција. Ние сме многу горди на овој успех“, вели тренерот Филип Миленковски.
Во женската "Б" програма Вања Стојановска освои петто место во категорија постари пионерки во поединечна конкуренција.
После 27 години Гимнастиката во Куманово се враќа на она место каде што припаѓа.
„Се надеваме дека Општината ќе ни излезе во пресрет, бидејќи на Куманово му е потребна гимнастичка сала, од причина што градот има голем број на гимнастичари кои сакаат да се занимаваат со овој спорт. Исто така се надеваме дека "Соколана" може да биде целосно имнастичка сала само за гимнастика, каде што ќе може нашиот град да биде домаќин на државни првенства во спортска гимнастика“, вели тренерот Никола Златановски.
Гимнастички клуб "Атлета“ постои 5 години и полека станува еден од трите најдобри гимнастички клуба во државата, но и покрај тоа оваа година не доби финансиска поддршка од локалната самоуправа преку Општинскиот сојуз на спортови, со образложение декa е млад клуб. Од друга страна во програмата се најдоа новоформирани клубови на кои им беа доделени износи од над 1 милион денари.