×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ракометарите на Куманово го совладаа „Пролет 62“ од Скопје

    17.02.2025 12:11 | KumanovoNews

    Екипата на Машкиот ракометен клуб (МРК) Куманово оствари значајна победа на домашен терен над РК „Пролет 62“ со два поени разлика и конечен резултат од 23:21.

    Ракометарите на Куманово го совладаа „Пролет 62“ од Скопје

    Со овој резултат МРК „Куманово“ обезбеди стартни два бода во плеј аут фазата, додека за противниците од Скопје е чекор назад за евентуален настап во плеј оф натпреварите од првенството.

    Победата беше неизвесна во поголем дел од првото полувреме, во првите дваесет минути резултатот беше нерешен. Во неколку наврати тимот на „Пролет 62“ успеаваше да направи разлика од два поени предност, кои кумановци ја достигнуваа. На две минути пред полувремето гостите имаа и три поени предност, но Куманово во последните 120 секунди постигна два гола, па на полувреме се замина со активен резултат од 11:12.

    На почетокот на второто полувреме играчите на МРК „Куманово“ направија серија од 4:0,  за  комплетен пресврт, ракометарите на „Пролет“ првиот гол го постигнаа дури по седум минути игра. Иако се заканија на резултатот, ремизираа во еден момент, повторно кумановци имаа серија од 4:0. На само 30 секунди пред крајот разликата беше еден гол предност за кумановци, кога Димевски со гол ја запечати петатта победа на МРК „Куманово“ за тековната сезона.

    Најуспешен во домашниот тим беше Давид Димевски, кој постигна 6 гола.

    „Во преодниот период во меѓусезоната донесовме шест засилувања, многу сме посигурни во тоа дека ќе обезбедиме опстанок во Супер лигата. Обезбедувањето на два стартни бода за плеј аут фазата се огромна предност за нас, ова победа ни ги зацврсти позициите“, објасни Миодраг Јовановски Црни.

    Следниот натпревар МРК „Куманово“ го игра во сабота, 22 февруари на домашен терен во салата на средното училиште „Перо Наков“. Им гостува екипата на „Вардар 1961“ кои се второпласирани на табелата, со 16 победи и два изгубени натпревари во тековната сезона.