Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипите на ЖРК Куманово, ГФК Куманово и МКК Куманово, славеа победи, додека останатите три екипи на МРК Куманово, КК Куманово 2009 и ЖКК Куманово претрпеа пораз.
Голманката Симона Грујовска со 20 одбрани беше најзаслужна за победата на гостувањето на ЖРК Куманово во Битола, против Пелистер. Со резултат од 15:23 во деветотто коло, куманоки се вратија по минатонеделниот пораз од Чаир. Најдобри стрелци на ракометниот клуб Куманово беа Зечевиќ со седум и Ѓошевска со пет гола. Моментално ЖРК Куманово се наоѓа на 5-то место на табелата, со 7 победи и 2 порази од почетокот на првенството.
Кошаркарските второлигаши потполно очекувано во седмото коло- МКК Куманово со победата во Прилеп, е лидер на табелата, со победничка серија 7 од 7 натпревари. Мечот помеѓу МКК Куманово против КК Мега Баскет Прилеп заврши со резултат од 71:93,и се засврстува на првата позиција која гарантира влез во првата лига во следното првенство.
ГФК Куманово повторно оствари победа и ја зацрвсти првата позицијата во Третатта фудбалска лига Север. Со резултат од 0:2 ја совладаа екипата на ФК Беса Влазрими,и тоа двата гола дадени во последните 20 минути од натпреварот.
МРК Куманово пак доживеа убедлив пораз во 11-то коло на Супер лигата. Натпреварот против Тиквеш заврши со 16 гола разлика, конечен резултат 37:21. Клубот е на последното место на суперлигашката табела со еден нерешен резултат и дест порази.
Тимот на КК Куманово 2009 без пружање на многу отпор на домашен терен загуби од екипата на Борец Баскет од Велес,со конечни 63:39.
ЖКК Куманово на гостувањето во Македонска Каменица загуби од екипата на ЖКК Баскет Кам со 85:70.
(фото. архива)