×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ракометарите на Куманово во сабота ќе играат против Прилеп на домашен терен

    11.09.2024 13:06 | KumanovoNews

    Машкиот ракометен клуб (МРК) Куманово во сабота во 17 часот ќе ја пречекаат екипата на РК Прилеп, во спортската сала на економското училиште „Перо Наков“. Ова е втор настап на кумановци сезонава, но прв пред домашната публика од која очекува поддршка.

    Ракометарите на Куманово во сабота ќе играат против Прилеп на домашен терен

    „Ве покануваме да дојдете и да го поддржите новиот тим на МРК Куманово на првиот домашен натпревар во машкиот ракометен шампионат. Со ваша помош од трибините, со фер и коректно навивање, до првата победа и радост во новата сезона. Цело е кога има се- ве очекуваме“, стои во повикот на клубот до публиката.

    Во македонската Супер лига ракометарите настапуваат со нова и значително подмладена екипа, каде просечната старост на играчите е 22 години. Меѓу нив има и репрезентативци, искусни ракометари, но она што можеби недостасува во техничкиот дел се надоместува со младост, енергија, ентузијазам за играта, за што стручниот тим верува дека ќе донесе успех во првенството 2024/2025 година.

    За МРК Куманово во новата сезона настапуваат Иван Димитров, Давид Цветковски, Влатко Тасевски, Иван Митревски, Благој Христовски, Христијан Крстаноски, младиот пикерот Борјан Цековски, младинскиот репрезентативец Давид Димевски, Дамјан Јакимовски. На клубот пристапи и ракометарот од Бразил, Каио Винициус Де Соуза Мораис, а соработката со клубот ја продолжија голманите Христијан Михајловски и Данијел Димитријевски, кружниот напаѓач Дарио Симоноски и искусниот Грузиец, Уча Гамзардија.

    „Клубот и понатаму го води и тренира Љубиша Димковски, но играчкиот тим е речиси целосно сменет. Дојдени се млади деца, полетни играчи за кои се надеваме дека допрва ќе се покажат и докажат пред македонската ракометна публика. Првиот натпревар на домашен терен е значаен за нас, искрено се надеваме дека со подршка од сограѓаните можеме да победиме“, истакна Миодраг Јовановски Црни.

    Минатиот викенд МРК Куманово ја започна сезоната со пораз на гостувањето на екипата на Бутел Скопје, со конечен резултат од 29-12. На натпреварот од технички причини не било дозволено да настапат Димевски и Де Соуза Мораис.