Tурнир во уличен бaскет 3x3 во Соколански парк
Во Соколанскиот парк во Куманово, на 5 и 6 јули, ќе се одржи турнир во уличен баскет 3x3, организиран од Граѓанската иницијатива за развој на социјален капитал. Натпреварите ќе започнат во 18 часот на кошаркарското игралиште во паркот.

За учество во турнирот, тимовите треба да уплатат котизација од 1.200 денари, додека за натпреварот во шутурање тројки, индивидуалната котизација изнесува 200 денари. Пријавувањето е во тек.
„Подгответе се за возбудливи 3x3 мечеви, натпревар во тројки и поддршка од трибините. Ги повикуваме сите – љубителите на спортот, пријатели, семејства, фанови на добар баскет – да ни се придружат!“, порачуваат организаторите.
Организаторите најавуваат награден фонд од 64.000 денари, распределен на следниот начин:
- Прво место: 40.000 денари
- Второ место: 12.000 денари
- Трето место: 6.000 денари
- Најдобар тројкаш: 6.000 денари
Заинтересираните тимови и поединци можат да се пријават преку е-пошта на [email protected] или на телефонскиот број 070 236 719.
