×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЖРК Куманово во недела го пречекува „Пелистер 2012“ од Битола

    13.09.2024 16:50 | KumanovoNews

    Женскиот ракометен клуб (ЖРК) Куманово во недела, со почеток во 14 часот на домашен терен ќе го игра првиот натпревар во сезоната 2024/2025 година, проти екипата на „Пелистер 2012“ од Битола.

    ЖРК Куманово во недела го пречекува „Пелистер 2012“ од Битола

    Натпреварот ќе се игра во спортската сала на економското училиште „Перо Наков“ во Куманово. 

    Во текот на летото екипата донесе три засилувања на тимот, и тимот е комплетиран со неколку играчки од подмладокот на екипата. Во кумановскиот дрес повторно ќе игра нашата сограѓанка Мила Трајковиќ и средниот бек Александра Боризовска. Од тимот на „Металург“ во клубот доаѓа и стружанката Марија Петреска, на позицијата пикер. 

    „Ја повикуваме публиката да дојде и да го изгледаат нашиот прв настап во сезоната. Ние сме најтрофејниот и најуспешниот клуб во градот во последните 5 години, освојувачи и на првенството и купот на Македонија. Во последните 20 години играме и се натпреваруваме во најсилната национална лига, искрено мислам дека заслужуваме поголемо внимание и поддршка и од публиката, но и од локалните функционери и организации“, истакна Никица Кипријановски од клубот.

    Во меѓувреме клубот го напуштија: Симона Грујовска, Адела Еленин, Сара Богојеска, Јана Ѓошевска и Габриела Величковска.

    Подмладениот тим под раководство на тренерот Славиша Димитријевски повторно претендира да обезбеди висока позиција на табелата и во оваа играчка сезона.

    Успехот на клубот ги инспирира и децата во Куманово, па клубот деновиве е во потрага по сала и соодветни термини за започнување на Школа за ракомет. Така ќе се создаде база на мали, надежни ракометарки кои ќе тренираат од најмала возраст, за да подоцна можат да бидат унапредени во повискоите категории на натпреварување.

    Од Општина Куманово ЖРК Куманово добива 1,1 милион денари годишно, но се финансира и од ваучерот на Агенцијата за млади и спорт. Одговорните во клубот сметаат дека со тие средства успеваат да обезбедат континуиран успех и покрај тоа што сумата е недоволна за непречено функционирање, а често и доцни исплатата на тие средства.

    Викендов се игра второто коло на групата Б на Женската супер лига, екипата на ЖРК Куманово во празничниот викенд беше слободно по распоредот за натпреварување.