Априлилили!!!
01.04.2010 08:43
| KumanovoNews
Денеска е 1- април, Ден на шегата. Ден одреден за досетки на сметка на најблиските, пријателите и колегите. Денеска е дозволено да лажете и да ве лажат, и при тоа да не се лутите.

Затоа разубавете си го денот, и еден од најубавите месеци во годината започнете го со насмевка. Заборавете на грижите, политиката, беспарицата...
Кумановчани се познати по својот мајтап и богата смисла за хумор. На тоа не обврзува и најголемиот шегобиец во крајот Батко Ѓоргија.
По повод 1-април во училиштата и градинките се организираат маскенбали.