Мени

Бедиње и Проевце без вода

06.09.2012 06:50 | KumanovoNews

 Високите зони од населбата Проевце утринава повторно се без вода за пиење.

Бедиње и Проевце без вода

Вода нема и во населбата Бедиње. Иста е состојбата и на улиците “Србо Томовиќ“, “Пере Тошев“ и “Ангел Шајче“. Се очекува во најбрз можен рок снабдувањето со вода да се нормализира и домаќинствата да добијат вода. Не отстранување на дефектите работат вработени од ЈП “Водовод“.

Други дефекти на водоводната мрежа засега не се регистрирани.