Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во просториите на Општина Куманово денeска се одржа седница на општинските одбори на Сојузот на бориците од народно-ослободителната и антифашистичка војна на Македонија и граѓаните продолжувачи на традицијата на НОБ од Куманово, Кратово, Крива Паланка и Свети Николе.
На средбата присутните претставници од боречките организации разговараа на темата: Доградба на организационата структура на Сојузите на борците неговите органи и работни тела особено на основните организации во правец на ревитализација и подмладување на организацијата , состојба на членоството, структура како и методите и форми на дејствување.
Идејата на боречката организација за вакви средби е иницирана за подобрување на работата на организацијата да не се дејстува само за време на историскикте датуми, туку практиката да продолжи и да се насочи кон други активности, особено кон анимирање на младината за важноста на антифашистичкото движење и стратегиите за одржување на мирот и стабилноста во државата и одржување на традиционално добрососедските и мулти-етнички односи во државата- рече генералот Тодор Атанасовски-претседател на Сојузот на борци.