Цистерна падна од надвозникот во Проевце
22.06.2011 19:44
| KumanovoNews
Цистерна за нафта попладнево слетала од надвозникот на магистралниот пак Куманово-Свети Николе во селото Проевце. При тоа тешко се повредени возачот С.С (26) и сопатникот З.С.(37) двајцата од Скопје, кои се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.
Сообраќајката се случила во 19 часот, кога на камионот кој се движел кон Свети Николе му пукнала гума, по што возачот изгубил контрола на возилото, удрил во заштитната ограда и паднал во нива на височина од петнаесетина метри. Жителите на околните куќи кажуваат дека глетката била страотна, додека камионот летал од мостот, по што слушнале силен удар. Во цистерната немало гориво.
Увид на лице место вршат полициско-судски екипи.

