Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните да не палат оган на отворено поради исклучително високите температури коишто се очекуваат во наредниве денови. Опасностите од избувнување пожари се големи, а тие може да се предизвикаат и од догорче на цигара, апелираат од дирекцијата за заштита и спасување во Куманово.
Оттаму информираат дека луѓето треба да ја почитуваат Одлуката за комунален ред и крајно одговорно да се однесуваат кога прстојуваат во природа.Тие потсетуваат дека отпадоците од пластична, а особено од стаклена амбалажа да ги фрлаат во корпите за отпадоци зашто расфрланото стакло може да ја зголеми опасноста од пожари.
Од дирекцијата потсетуваат на забраната за користење на хидрантската мрежа во зеленилото за миење возила, теписи и за разладување.