Дамјановски: Куманово има чесна управа
Градоначалникот Зоран Дамјановски ги отфрли наводите во одредени медиуми дека ревизорскиот извештај покажал дека Општината се расфрлала со пари за градските прослави и правела пропусти при спроведувањето на јавните набавки.

На денешната прес-конференција, градоначалникот со своите соработници, изнесените информации ги нарече инсинуации и груби навреди со кои сака да се наруши угледот на работата на локалната администрација и градоначалникот.
Сакам да потенцирам дека се она што беше објавено е изваденo од контекс на ревизискиот извештај и претставува груба манипулација со граѓаните на Македонија, а пред се со жителите на Куманово. Се што е објавено во врска со роковите, цените и дополнителните работи кои се поставени таму се дел од записникот, меѓутоа не се во контекст на прекршување на Законот за јавни набавки и тендерско работење-тврди градоначалникот.
Тој објаснува дека фирмата која победила на тендерот за речното корито со цена од 32 милиони денари била за 500 000 евра поевтина од второпласираната, а објектот е завршен и технички примен што е доволен доказ за совесно работење.
Наводите на Програмата за прослава на празникот „ 11 Ноември„ каде се манипулира дека Општината трошела пари повеќе од програмата е невистина, бидејќи парите се определени од Советот,а дел се донирани од познати фирми. Во однос на изградбата на два инфраструктурни објекти и поправка на речното корито, одговорно тврдам дека се е во рамките на законот. Особено сакам да потенцирам дека продолжувањето на роковите на речното корито и булеварот Трета „МУБ„ беа успорени од граѓаните, па поради тоа некои проекти се продолжени од два месеца до една година. Затоа упатувам јасна порака дека Куманово е чесен град има чесна управа затоа и граѓаните минатите избори гласаа за нас. Сите документи се пред нас и секој кој е заинтересиран може да ги погледа- рече Дамјановски.