Делови од градот пак без вода
Последните неколку дена, поради зголемената потрошувачка одредени делови на градот останаа без вода. Населбите Карпош, Бабин Дол, улицата „Бајрам Шабани„, селото Черкези и повисоките згради во централното градско подрачје четири дена вода имаат само во ноќните часови.

Се работи за недоволен дотур на вода до ЈП „Водовод„ од страна на Водостопанство Кумановско-липковско поле, бидејќи не се надеваа дека толку рано ќе зафатат тропските температури. Веќе работиме на пуштање на т.н. бај пас за зголемен дотурот на водата и се надевам дека во следните неколку дена ќе дојде до целосно надминување на проблемот. Во овој момент добиваме 340 л/с вода од сите капацитети, а со бајпасот ќе добиеме уште дополнителни 140-160 л/с што ќе бидат доволни да ги задоволат потребите на градот-вели Виктор Божиновски, директор на ЈП „Водовод„.
Директорот ги повика граѓаните рационално да ја користат водата за пиење и да не ги полеваат дворовите и бавчите и со тоа да не ја злоупотребуваат својата позиција што живеат во ниските зони на градот.