Денот на крводарителството се одбележа во Куманово
18.03.2011 11:21
| KumanovoNews
По повод Денот на крводарителствотo, Црвениот крст Куманово вчера одржа Свечена академија, на која на пригоден начин им се заблагодари на заслужните крводарители, поединци и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството.
На присутните им се обрати претседателот др.Нухи Јусуфи, а беа поделени 230 благодарници на крводарители со јубилејни 10, 20, 50 и 100 крводарувања. За најдобри организации кој дадоа посебен придинес во организирање на крводарителски акции беа прогласени Центарот за култура, гимназија „Сами Фрешери„, ФЗЦ, ЈП „Водовод„ и Здружението „Коледари„. Куманово има над 3000 крводарители , и соберени се 2241 крвна единица во мината година.

