Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шабан Лимани, Самет Љутвиу, Хасан Клаиќи и Сулејман Сулејмани, сите од липковското село Сопот по 7 години години затвор од петокот попладне се дома.Тие во домашен привор ќе го чекаат повторното судење на случајот Сопот, по одлуката на Кумановскиот суд да се поништат предходните пресудите.
Чекаме одлука од Апелациониот суд за повторување на постапката и за останатите 7 лица, водена во Основниот суд 1 во Скопје. Успеавме да обезбедиме докази со кои докажуваме дека изјавата на клучниот сведок Рамадан Бајрами не е веродостојна. Исказот е даден под присила, со уцена, закана, употреба на сила и тој исказ е изнунден –изјави адвокатот Вулнет Пачуку.
Самет Љутвиу (39) дома го пречека семејството, роднинините и соседите. Таму беа и пратениците на ДУИ, Хајрула Мисина, и Тахир Хани.
Поминаа толку години и отогаш многу работи се смениле. Мојата ќерка имаше само две години кога ме затворија,и сега не можев да је препознаам.Многу ми е тешко невин да седиш во затвор, но се надевам дека правдата ќе победи. И покрај се верувам во Судот кој треба да донесе конечна одлука со која ќе се докаже вистината.Она што се случи на патот не дај боже на никој да му се случи, не посакувам на никого таква смрт, нека ги казни Господ оние што го направија тоа-вели Љутвиу.
Единаесет жители на Сопот беа обвинети дека ја поставиле експлозивната направа на локалниот пат Сопот-Сушево на 4 март 2003 година, која ја активираше џип на НАТО. Во експлозијата загинаа двајца војници од полскиот контингент и еден цивил, а потешко беа повредени две лица. Обвинетите беа прогласени за виновни и добија вкупно 156 години казна затвор.