Фатени шверцери на дрога
18.09.2010 12:52
| KumanovoNews
При претрес на Р.А.(34) од Куманово, полицијата пронашла кеса хероин.

По извршениот разговор со Р.А. било утврдено е дека дрогата ја купил од С.Ш.(23) од село Арачиново - Скопје. Истиот ден околу 19 часот е приведен и С.Ш. на локалниот пат Куманово - село Пчиња. Додека се возел на скутер ја забележал полициската патрола и фрлил кеса со непозната прашкаста материја. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот, а непознатата материја е предадена на вештачење.