Мени

ФOTO: Зима во Куманово

22.12.2011 12:10 | KumanovoNews

  Зимата и снегот пристигнаа и во Куманово.  Градот од ноќеска е зафатен со врнежи од снег, кој не преставува да вее ни во текот на денот.

ФOTO: Зима во Куманово

 Снежната покривка не е голема, но ги израдува граѓаните, а го разубави празничниот амбиент во градот. Завеана со снег е и големата новогодишната елка и дрвајата околу неа на градскиот плоштад.

Според најавите на метеоролозите, денеска ќе преовладува облачно време со врнежи од снег, а ќе дува северен ветер.