Гостите од Кампина воодушевени од Кумановци
Делегација од романскиот град Кампина неколку дена престојува во возвратна посета на Куманово. Градоначалниците на двата града денеска потпишаа меморандум за соработка и раменија искуства за работата на локалните самоуправи и двата совета.

Сметам дека оваа средба е вовед во една плодна и долга соработка помеѓу Романија и Македонија, и помеѓу овие два компатибилни градови. Особено тоа што Романија е членка на ЕУ ќе биде добар пример за имплементација на нашите проекти на Европските фондови. Се надевам дека оваа соработка ќе значи подршка и во регионалните искуства каде што најдобар пример е Кампина - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.
Градоначалникот на Кампина се заблагодари за гостопримството и вети плодна соработка на сите полиња помеѓу двата града.Тој откри дека е изненаден од гостопримството на домаќините и убавините на Македонија.
Ние сме среќни што сме тука и сакаме да помогнеме во секој поглед.Главниот мотив на нашето зближување е бизнис секторот и ќе се збратимат двата града на културен и едукативен план. Во Романија во мај ќе се одржи фестивал и би сакал Кампина да ја посети некое културно-уметничко друштво. Сите можни соработки се отворени од наша страна, би сакале да соработуваме и со администрацијата да размениме искуства, а самото збратимување дополнително ќе даде можност за зближување и соработка помеѓу овие два града - рече Хорија Лаурентиу Тисенау, градоначалник на Кампина.
Гостите се сретанаа и со членовите на Советот на Општината Куманово.
Тие ќе ја посетат Фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври“, пречистителната станица на ЈП „Водовод“ во селото Добрешне, расадникот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Кумановогас.
Кампина е лидер во нафтената индустрија во Романија.