Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општината Куманово празникот на градот 11 Ноември ќе го одбележи со програмата Ноемвриски денови, во која се поместени повеќе спортски натпревари, концерти, изложби, промоции на книги, а централен настан е концертот на мега-ѕвездата Харис Џиновиќ.
Програмата започнува со натпревар во пинк-понг во гимназијата „Гоце Делчев„, следниот ден Риболовното друштво „Пчиња„ организира турнир во спортски риболов на реката Пчиња, кај селото Шупли камен, на 8 и 9 се полуфиналните И финалните натпревари во кошарка, како и финалето во мал фудбал, а вечерта ќе биде отворена изложбата Карпино. Истиот ден кај градоначлникот се протокаларните приеми за ученици, младинци, борци, поранешни градоначалници. На 10 ќе бидат пуштетни во употреба капиталните објекти реализирани во 2010 година тоа се приклучок во гасоводната мрежа на домот за стари лица Зафир Сајто, пуштање во употреба на раскрсницата и делницата од булеварот 3-та МУБ кај Ловечки дом и новоизградената спортска сала на училиштето „Перо Наков„.Во вечерните часови е отварањето на изложбата Кумановски ликовни уметници , по што граѓаните ќе уживаат во концертот на Харис Џиновиќ, кој завршува со спектакуларен огномет - вели Жика Крствески, началник на Секторот за култура и спорт.
Програмата започнува на шести, а завршува на 11 Ноември со свечената академија на која традиционално ќе бидат доделени ноемвриските награди.Програмата е усвоена од страна на Советот на Општината и за нејзина реализација се одвоени околу 1,5 милони денари од буџетот.