×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граничниот премин Табановце затрпан во ѓубре

    31.10.2010 10:51 | KumanovoNews

     Преполни контејнери, расфрлано ѓубре, смрдливи тоалети, неизмиен асфалт и запуштени тревници е сликата која секојдневно ја гледаат граѓаните и странците што поминуваат на државните гранични премини на излез и влез во земјата.

    Граничниот премин Табановце затрпан во ѓубре

    Повеќе од еден месец премините и терминалите никој не ги чисти бидејќи завршил договорот со фирмата која била задолжена за нивно одржување, а не ангажирале нова. На граничниот премин Табановце до пред два дена ѓубрето било до колена. Вработените  кажуваат дека до секој контејнер имало смет за еден камион, додека ЈП „Чистота и зеленило„ од Куманово не излегло во пресрет и последниов месец двапати го собрале за да не се засмрди.

    Пред 2 дена изнесоа 5 камиони ѓубре. Купиштата ги разнесува кучиња скитници, а од оси не можеше да се помине. Вие сте закасниле, требаше порано да дојдете, па да видите како се претставува државата. Како да работиме на градска депонија. Странците се чудеа и не можеа да веруваат дека толку многу ѓубре може да се остави на јавно место. Не прашуваа дали се плашиме од зарази и вадеа телефони и апарати да сликаат- кажуваат полицајците.

    И покрај тоа што конејнерите се испразнети и завчера на преминот се гледаше дека е валкано. Насекаде имаше расфрлани хартии, пластични шишиња, чаши и друг отпад што го оставаат патниците. Вработените кажуваат дека додека била ангажирана фирмата од Скопје, секојден на преминот  доаѓале по неколку вработени кои се грижеле за хигиената, го собирале ѓубрето, метеле и ги миеле коловозните траки, ги средувале зелените површини. Сега се е запустено.

    Тие посебно се огорчени што единствениот јавен тоалет на границата е во очајно состојба. Смрдлив и валкан воопшто ја нема функцијата за која е наменет. За царинарниците, ветеринарните инспектори и шпедитерите што работат на терминалот, тој е единственото место каде можат да одат по нужда. До пред неколку месеци на терминалот имало подвожни тоалети, но откако ги отстраниле, останало вработените сами да се снаоѓаат кога ќе ги стисне зорт. За да не ги казнат кога ги напуштаат работните места се шегуваат дека носат памперс пелени и така го решаваат проблемот.

    Едно веце за 300 вработени и плус за патниците. Толку е валкано што можеме само зараза да фатиме во него.Работиме 24 часа, а нема каде да отидеме во тоалет. Затоа се снаоѓаме, одиме зад бараките во нивите, на отворено, или со кола на пет километри до првата бензинска пумпа. Трошиме гориво за мочање, ама немаме друго решение - вели еден од шпедитерите.

    Вработените се жалат дека државата не вложила ништо да за обезбеди елементарни за работа на најголемиот граничен премин во државата. Со години на преминот покрај саглам тоалет, немаат ни вода за пиење, продавница или ресторан каде што можат да се хранат. Таквата состојба на влезот во државата им смета и на патниците.

    Секаде во светот се настојува првиот впелаток да биде најдобар. Кај нас се е спротивното. Што да мислите за државата во која ѓубре и кучиња скитници ве пречекуваат - вели изреволтирано еден македонски гастарбајтер, кој сакаше да влезе во тоалетот, ама кога виде во каква состојба е, се премисли.