Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ивица Младенов (33) од Крива Паланка, претседател на невладината организација „Хоризонт - Македонија“, утринава во 3 часот по полноќ е нападнат и претепан од непознати маскирани лица на периферијата на градот.
Насилниците го пречекале во близина на неговата куќа, додека се враќал од диско и со спреј го испрскале по лицето, по што почнале да го удираат со тупаници по главата. Кога паднал на земјата го исклоцале повеќепати и побегнале. Нападот го забележале соседите кои му притрчале во помош и повикале полиција. Со видливи повреди по лицето и телото Младенов бил пренесен во Хируршкото одделение во Кривопаланечката болница и задржан на лекување.
Не се сомневам во никого, но мислам дека е тоа поради моите изјави со кои ги бранам социјално загрозените граѓани.Кога прв пат бев нападнат, полицијата не ги сфати сериозно предупредувањата дека некој постојано ми се заканува и не презеде ништо за да ми помогне - вели Младенов.
Тој се жали дека има болки во главата и целото тело, крварење од носот и устата, поради што ќе остане на лекување во болницата.