Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипите на „Билдинг“, фирмата задолжена за зимско одржување на улиците во Општината, фрлиле околу 60 тони сол на градските сообраќајници заради спречување на појава на голомразица на коловозите.
Од локална самоуправа тврдат дека првиот снег го дочекале подготвено и интервенирале 4 возила за чистење на снегот и четири камиони. Состојбата постојано се следи и засега немало поголеми проблеми на терен. Од таму аплеираа до граѓаните, особено до дуќанџиите да го исчистата снегот пред нивните врати и со тоа да помогнат за полесно расчистување на пешачките зони.
Тротоарите се како лизгарница, никаде не се исчистени. Ретко пред некоја продавница да е отстранет ледот - се жалат граѓаните.
Граѓаните што нема да го исчистат снегот пред дворовите и газдите пред своите деловни објекти ќе треба да платат глоба од 30 и 50 евра или да извршат општокорисна работа.
Сите сопственици, односно корисници на објекти се должни во зимски услови, при снежни врнежи веднаш да почнат со чистење на снегот пред индивидуалните и колективни објекти за домување, како и на отворени простори пред јавните објекти за да се обезбеди непречен пристап до објектите. Во колективните станбени згради чистењето на снегот и мразот во зимски услови должни се да го вршат станарите на зградата - вели Законот.
Минатата година за расчистувањето на снегот во Куманово од буџетот беа одвоени 9 милииони денари.Проценката за оваа зимска сезона е 1 милион помалку, но доколку има повеќе снежни наноси од предвиденото ќе се издвојат дополнителни средства.